Откако Владата ги зголеми мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, забрани собирање на групи, а угостителските објекти беа затворени, голем број на млади скопјани и понатаму наоѓаат начини за да не седат дома.
Нов тренд е собирање во вилите во Соње, Сопиште, Илинден, Раштак и Радишани, кои се изнајмуваат за 250 до 500 евра на вечер.
И вчера и денес, пак, журки се прават и на патот накај Сончев град во Сопиште, дознава 24 инфо. Дваесетина коли наредени на едната страна на патот, гласна музика, дел млади на журката, а дел уживаат на сонцето.
Повеќе фото на 24 инфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.