Ќе тужам, не само пред домашни судови, дури и пред Стразбур, рече на денешната прес-конференција Мевљудин Алити, сопственикот на дивоградбата пред „Мавровка“, веднаш по рушењето на објектот.
Тврди дека не треба да бара одобрение за градба за обнова на објект кој што претходно го легализирал. Кажа и дека му платил на градот 4,7 милиони денари за легализација на објектот и дека на Општина Чаир ѝ доставил елаборат и проект и не знае зошто градоначалникот Висар Ганиу велел дека не знае кој гради.
Според законот, за обнова на објект треба само да се достави проект и елаборат. Јас тоа го направив пред да почнам да градам. Нема никакво ограничување со што ќе го обновам објектот кој сум го легализирал. Според проектот, станува збор за објект само со приземје, немаше да кревам втор спрат, тоа ќе беше покривот, рече Алити, покажувајќи ги проектите.
Тој кажа дека досега не излегол во јавноста оти станувало збор за приватна инвестиција. Рече дека тој не го пресекол дрвото пред кафулето и праша зошто уште не е откриено кој му го запалил објектот на 1 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.