Билјана Симоноска Антовска е новиот в.д директор на ОУ “Ацо Шопов”.
Билјана ќе се откаже од советничкото место во општина Бутел, таа целосно ќе се посвети на ОУ “Ацо Шопов” т.е училиштето каде што е вработена како наставник по информатика.
Билјана е врвен професионалец, чесна и вредна личност која сум убеден дека вистински ќе одговoри на следниот предизвик.
Со среќа нека е, објави на Фејсбук, градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.