Се моли Шилегов да не зборува за дрвја, бидејќи ги исече за да му се гледаат билбордите. За дрвореди и за дрвја е лицемерно кога зборува Шилегов, бидејќи тој е човекот што сече дрва за да се гледа билбордот на Филип Темелковски. Шилегов е човекот под чија наредба беа исечени дрворедите на ул. Орце Николов, и со чија дозвола се пустошат сите зелени површини.

Скопје руши рекорди по загаденост секое зиме е на врвот на светските листи на градови со најзагаден воздух, минатото зиме загадувањето беше намалено поради рестриктивните мерки за движење на граѓаните и карантинот за време на викендите.

Тезата на Шилегов дека го намалил загадувањето минатата година е иста како онаа на Заев дека го намалил иселувањето во ек на пандемија, кога границите се затворени.

Шилегов треба да сфати дека скопјани не се неинтелегентни како што тој мисли, и дека со такви приказни тешко дека ќе ги излаже.

А за субвенциите за инвертер клими, Шилегов допрва ќе дава одговори за тоа по кој принцип се делени и зошто наместо во приградските населби каде што има потреба, тие се делени во Центар на лица кои живеат на улица Македонија и строгиот центар на градот.

На Шилегов никој не му верува повеќе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.