Советничката во советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ, прашува дали Универзалната сала се користи како установа за обезбедување техничка опрема – лед екрани, озвучување и осветлување за потребите на Петре Шилегов и СДСМ за претстојните локални избори.
Дали со пари на скопјани се плаќа и ќе се плаќа кампањата за втор мандат на Шилегов?
Имено, на 1 јуни заврши јавната набавка спроведена од Универзална Сала за избор на понудувач за организирање и изнајмување на техничка опрема за осветлување и озвучување на настани за настани со капацитет внимавајте на 1500; 3000; 8000 и 20.000 луѓе. Практично скопјани плаќаме услуга која нема да може да ги искористиме поради протоколите за организирање настани на отворено, нема да биде возможно толку голем број на луѓе да се соберат на едно место во услови на пандемија.
Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена изјави дека можеби летово Комисијата за заразни болести ќе дозволи настани со бројност до 1000 луѓе, за бројка поголема од оваа се уште би останала забрана и е неизвесно дали ќе може да се укине.
Па оттука логично се поставува прашањето дали за настани на кои може да присуствуваат најмногу 1000 луѓе, ако владата го одобри тоа ќе се фактурира опрема минимум за 1500 или за 3000 или за 20.000 луѓе?
Само за споредба, минатата година на Скопје анплагд во Камник, беше организиран настан со целосна сценска опрема за публика од 50 луѓе, а оваа година на 25 јуни истиот настан ќе се одржи на кровот на Сити мол ако владата дозволи за максимум 1000 луѓе – вели Жугиќ.
Таа напоменува дека препораката на Владата да се поддржат и ангажираат домашни музичари, како да не важи за Универзалната сала, па тие за настанот ангажирале три групи од кои само две се македонски.
Очигледно е дека набавката на сценско технички услуги за 1500, 3000 , 8000 и 20.000 луѓе не може да се реализира оваа година, а ако таквата набавка биде платена, и искористена за настан за помалку од 1000 луѓе, тогаш логично се поставува прашањето дали и како ќе се користи услугата која е преплатена, и дали со оваа набавка Шилегов не плаќа за сценско техничка опрема за неговата кампања за претстојните локални избори?
Ќе се одлеваат ли илјадници евра за сценска техника за настани малку луѓе и дали не е ова класично перење пари од страна на Универзална сала?
Градоначалник Шилегов, вака ли ќе го барате гласот на скопјани за втор мандат? Нашите пари ли ќе ги користите за партиски цели? 4 години работите на штета на Скопје и сега сакате скопјани да ви ја плаќаат кампањата.
На 100 метарска бина да се качете, со десетици лед екрани позади вас, со најмодерна ротирачка расвета и топ концертно озвучување, џабе ви е.
4 години со Шилегов и Заев за Скопје и скопјани се 4 години украден живот. Доста е! – истакна Жугиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.