Откако девојка преку фејсбук повика вечерва да бидеме со Кемал СК, кој помага на семејствата на повредените кои спијат пред градската болница 8 Септември, се јави и Кемал. Вели тој не бил вистинскиот херој, вистинските херои се жителите на Ласкарци кои излегле веднаш и ги ваделе повредените и загинатите од под автобусот.

Правите херои се жителите на Ласкарци
Драги мои сограѓани, ви благодарам за поддршката што ми ја давате, сакам да напоменам дека моментално пред болницата се наоѓаат околу 30-тина роднини и пријатели на повредените, така што нема потреба за храна, вода или било што, роднините доаѓаат во смени и се пред болница, а покасно се во ходникот во самата болница поради студеното време – напиша Кемал на фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.