Околу 10.000 македонци се на плоштадот Македонија подготвени да им симнат капа на европските шампиони.

Брендираниот автобус во кој се превезуваат ракометарите на Вардар тргна од аеродромот кон плоштадот, во моментов е некаде кај Петровец, и се очекува наскоро да пристигнат на плоштадот каде што ќе се одржи централната манифестација.

Атмосферата на плоштад е вжештена, се пеат песни, се навива и се чекаат шампионите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.