Како координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Аеродром, изјавувам дека ние денеска ќе ја напуштиме седницата на Советот и нема да учествуваме во работата на советот се додека власта спроведува политички прогони кон свои политички противници и неистомисленици. Ова денес го истакна Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром.
Македонија е единствена држава во демократска Европа која во 21 век во своите затвори има политички затвореници. Притворањето на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, Дејан Митевски, е уште една потврда за политичкиот прогон во нашата држава кој го спроведува Зоран Заев. Сведоци сме на огромни скандали околу случајот Рекет кој со месеци се развлекува, а неосновано повеќемина членови на ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку месеци се во притвор. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушта и следните седници на советот на општина Аеродром се додека Дејан Митевски е неосновано обвинет и во притвор во Шутка, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.