Нема повеќе висока вегетација, купишта отпад и малку клупи и канти за отпадоци на пешачката патека кај насипот, порача новиот градоначалник на Ѓорче Петров Александар Стојкоски, додавајќи дека екипи се веќе на терен и работат на средување на ова запуштено место.
Го слушаме вашиот глас и важни ни се вашите мислења и потреби. Целта ни е вие да сте задоволни од изгледот на пешачката патека, која треба и мора да биде функцилнално и урбано место, каде од најмлади до најстари ќе го минуваме слободното време, ќе муабетиме, ќе разменуваме идеи, ќе се рекреираме. Свесен сум и за проблемот со осветлувањето. Веднаш стапив во контакт и со службите во Град Скопје. Добив ветување дека во најкус можен рок ќе се реши и овој недостаток на пешачката патека кај насипот, порача Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.