Екипи на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје во текот на денешниот ден спроведоа акција за чистење на сливниците и шахтите во сите општини на територија на Град Скопје.

Од претпријатието информираат дека акцијата се спроведува во рамки на редовните работни активности и поради најавените врнежи од дожд во претстојниот период заради непречена функционалност на атмосферската канализација.

– Врз основа на планираните активности, акцијата продолжува и во текот на утрешниот ден, информира ЈП „Водовод и канализација“-Скопје . хс/дма/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.