Иако до локалните избори има уште нецели три месеци СДСМ се чини ја започна изборната кампања. Стравот од пораз во речиси сите општини во Скопје ја принуди владејачката партија на разни начини да им покаже колку биле работливи нивните градоначалници во изминатите четири години.

Па така, деновиве во општина Центар се делат летоци по станови со наслов „Најдоброто во Центар 2017-2021“. Во летокот се наведени проекти кои не се директна надлежност на општината туку се во ингеренции на централната власт.

Инаку, интерните анкети на СДСМ покажуваат дека од скопските општини најлошо стојат во Центар и оти речиси е сигурно е дека актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ нема да добие доверба за нов мандат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.