Од СДСМ велат дека секогаш кога ВМРО ДПМНЕ и нивни градоначалници го водат Скопје, на градот му се случувакатастрофа.

Скопје две години е град без перспективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект.
И наместо да понуди решенија антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историска контроверзна личност – еден од најголемите крвници на македонскиот народ.

Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен од страна на режимот и затоа беше отстранет. Неговата локација пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт.

Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската антиевропска ДПМНЕ и ништо друго.

СДСМ преку својата советничка група на СДСМ ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот, тој не треба да биде никогаш повеќе поставен каде било, неговото место е во негативните поглавја од македонската историја, се вели во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.