За мнозинството во Советот на Град Скопје ништо не е завршено. Битката во Скопје е во недела, по што ќе видиме кој има реално мнозинство, рече Љубица Јанчева од СДСМ како реакција на денешните изјави од ВМРО-ДПМНЕ дека парламентарната опозиција во македонското собрание, согласно бројот на освоени гласови, има апсолутно мнозинство градскиот совет.

Меѓутоа, според Јанчева, денешните изјави само потврдиле дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се едно исто.

„Како што знаете ќе има прегласување на едно место во Шуто Оризари и во зависност од резултатот може да дојде до нов распоред на советничките места. Дополнително, сите независни листи, реалните гласови на граѓаните не можат да бидат надвор од Советот на Град Скопје, СДСМ ќе ги вклучи и нив. Во недела е потребно обединување на демократските, прогресивните сили во Скопје, во недела е потребно обединување на гласот за напредок. Да не дозволиме остатоците од режимот здружени со лажните левичари да добијат можност да го уништуваат Скопје како што тоа го правеа 27 години“, порача Јанчева додавајќи дека Скопје мора да продолжи да се развива, да се гради како европска метропола, а не, како што рече, како метропола на кичот и барокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.