Владо Мисајловски, десната рака на Миле Јанакиески, кој метар асфалт не постави во Ѓорче Петров додека беше министер за транспорт и врски, очигледно како да не живее во оваа општина. Или тоа или му останала старата добра навика да изнесува лажни вести и невистини, реагираат од СДСМ на изјавата на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.
За тоа колку се работело во мандатот на градоначалникот говори реализација на сите седум ветени капитални проекти и реализирани над 200 проекти наведени во Програмата. На само 20 метри од местото каде денеска ширеше лажни вести, Мисајловски можеше да го види новото урбано јадро, Корзото во Ѓорче Петров, место што беше руина додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше општината.
Ако некогаш му текнало да излезе на терен и да го посети Волково, Мисајловски ќе видеше нова детска градинка, нова спортска сала и кружен тек. Ако прошета низ Хром ќе види доградба на подрачното училиште, реконструирани улици и нови скверови, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според СДСМ за само четири години, Наумоски и СДСМ реализираа четири пати повеќе проекти отколку ВМРО-ДПМНЕ и Митровски за 12 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.