СДСМ нема по вторпат да го кандидира актуелниот градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин. Предмалку, нивниот пратеник Александар Филиповски на „Фејсбук“ објави дека ја прифатил номинацијата од страна на многу членови од сите месни организации во ОО Аеродром.
Ја прифатив номинацијата од страна на многу членови од сите месни организации во ОО Аеродром. Време е за нова енергија – заедно да работиме за #НајдобротоЗаАеродром. Ја барам поддршката од Социјалдемократскиот сојуз за мојата кандидатура за градоначалник на Општина Аеродром.
Подготвивме навистина квалитетна програма за следните четири годинии. Целото мое знаење и искуство ќе го вложам во градење на локална самоуправа која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Во Аеродром пораснав, го познавам секој дел од општината и знам што е потребно за да биде подобро. Токму затоа ќе ми биде чест и задоволство да го дадам својот придонес. Заедно да создадеме место каде што ќе растат и ќе се развиваат уште многу идни генерации, пишува тој.
За Александар Филиповски јавноста нема многу слушано. Тој е пратеникот кој дојде на местото на Павле Богоевски, откако „револуционерот“ си даде оставка од функцијата пратеник. Филиповски беше на 17-то место на листата кандидати за пратеници, тој е долгогодишен член на СДСМ и доаѓа од нивната општинската организација во Аеродром. Дипломирал Банкарски менаџмент на Европски универзитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.