Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар својата безидејност во кампањата овој пат ја демонстрираше преку директно копирање на проектите на Горан Герасимовски, велат од СДСМ Центар, додавајќи дека откако вчера во ТВ дебатата прв пат дозна дека општината под водство на Герасимовски ќе покрива 50% од оброкот на учениците во сите основни училишта и 50% од трошоците за градинка на родителите, таа денес го ветува истото но само за учениците до петто одделение.
Котлар никаде не ги споменува родителите на децата кои одат во градинка ниту има проект за нив. Таа само набрзина половично ја ископирала програмата на Герасимовски, но немислејќи на сите родители.
Од друга страна програмата на Горан Герасимовски е јасна и осмислена каде без дискриминација се поддржуваат сите родители. Родителите на деца во основни училишта од сите одделенија ќе добијат субвенција до 50% од оброкот, додека сите деца во градинка ќе добијат субвенција до 50% од цената на градинката.
На овој начин едно семејство со две деца во градинка или училиште заштедува и до 350 евра годишно, велат од СДСМ Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.