Јана Белчева Андреевска, која околу 2, 5 години претседаваше со Советот на Центар, пред да си даде оставка, на овие избори ќе се обиде да обезбеди нов советнички мандат како носителка на независна листа на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

На минатите локални избори во 2017 година, Белчева, како граѓанска активистка, беше носителка на советничката листа на СДСМ во Центар, по што беше избрана и за претседавач на Советот на општината, за во мај минатата година да поднесе оставка, главно, поради несогласувања со градоначалникот Саша Богдановиќ.

Белчева, како потенцијална носителка на листа на „Шанса за Центар“, заедно со професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонтскиот факултет и Јане Димески, како потенцијални кандидати за советници, утре ќе ја претстават граѓанската иницијатива, за која велат дека произлезе од поврзување на „Здравје пред профит“ со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општината.

Извор: Фокус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.