Фокусот на кандидатите за градоначалници се зелени и модерни проекти, а посебно интересни и атрактивни се проектите поврзани со јавниот превоз.
Осврнувајќи се на новата програма, Шилегов пред неколку денови го најави проектот Скопје смарт сити, со кого Скопје ќе стане град без шалтери и прв целосно дигитализиран град.
Со Скопје Смарт сити, Скопје станува град без шалтери! Сите плаќања и сите документи ќе бидат достапни на интернет и на телефон. Преку истиот проект се поставуваат 10.000 нови лед светилки со што Скопје добива совршено осветлени и безбедни улици, вело патеки и тротоари“, кажа актуелниот градоначалник на Скопје.
Шилегов во својата програма ветува и секојдневен бесплатен превоз за пензионерите. Доколку го освои вториот мандат како скопски градоначалник, Шилегов рече дека ќе овозможи и бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и за лицата со попреченост до здравствените институции во градот.
Два големи проекти во скопската зоолошка градина најавува Шилегов. Првиот проект е савана за африканските животни и модерен аквариум на два спрата кој ќе биде едукативен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.