Римскиот саркофаг од вториот век, кој беше пронајден во скопската општина Карпош бил изваден надвор од сите законски норми, алармираат познавачите на археологијата.

Претходно, во Охрид пред повеќе од два месеци, работници со токмак кршеа ранохристијанска базилика во старата чаршија. И саркофагот во Скопје и базиликата во Охрид се вредни артефакти кои не смеат вака да се третираат, велат археолозите.

Речиси сите артефакти се оштетени затоа што се вадени со багер или со казми.

За вакво уништување на културно наследство од страна на власти или граѓани без соодветно да се ископаат и да се конзервираат во ЕУ следуваат високи затворски казни.

Кај нас археолошкото наоѓалиште среде главен град е брутално затворено со земја.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.