Општина Центар планира катните гаражи во центарот на градот, кој во најголем дел се полупразни да почнат да се користат. На паркинзите во строгиот центар на градот кај Дом на градежници, Соборен храм, Трготекстил и Зелено пазарче ќе може да паркираат само станарите, а останатите ќе мораат да ги користат катните гаражи.
Се работи на измена на Правилникот на ЈП „Паркинзи на општина Центар“. Целта ни е да го регулираме паркирањето и да ги натераме луѓето да ги користат катните гаражи. Имаме и друга опција освен резидентите паркиралишта, а тоа е зголемување на цената на паркирањето во строгиот центар, најави градоначалникот Богдановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.