Многу скопјани вчера не успеаја да отидат на Водно со автобус. Иако одамна е ветено дека во викендите превозот е бесплатен и ќе има доволно термини и автобуси на ЈСП , иако граѓаните беа навремено на постојката спроти министерството за образование, сепак не стигнаа на Водно оти немаше автобуси во пладневните и попладневните термини, пишува „Скопско ехо“.
Автобуси предпладнето имало, ама потоа не можеле да се движат по патот за Водно, оти имало многу непрописно паркирани возила на повеќе локации на планината. Заради некои невоспитани, ние извисивме. Брука е ова и за полицијата, не може да воведе ред на еден мал пат. Испадна ние да дојдеме на автобуска станица и да добиеме одговор – е не може да ве однесеме на Водно, пишал Иван во редакцијата на „Скопско ехо“.
Исто како што имало многу скопјани кои со часови чекале да заминат за Водно, така имало нервози и чекање и на оние кои веќе биле горе, а пристигнале порано утрово додека автобусите се уште се движеле по трасата.
Тргнале луѓе со аутобус на Водно, добар дел со деца, арно ама за враќање аутобусот не може да се качи од колите паркирани од страна по патот. Децата смрзнати, 2 часа чекале, доаѓа аутобусот, пакување како сардини – 200 души. Културен и будала исто е у државава, напишал Дарјан на социјалните мрежи.
Зошто Градот Скопје т.е. градоначалникот Петре Шилегов дозволува ова да се случи? Зошто возилата на сообраќајните насилници не биле собрани со пајак службата? Каква порака се праќа со ова на луѓето кои ги оставиле своите возила и ја прифатиле идеата токму на Шилегов дека треба да се штити Водно со незагадување? Каква е и пораката за насилниците кои паркираат каде сакаат? Немајте гајле, правите што сакате, а чесните ќе пострадаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.