Живеалиштето за кенгурите или реон попознат како „Австралија“ доби нов изглед, соопштија од Зоолошката градина во Скопје.

Благодарение на донација, кенгурите добија нов реновиран дом, со нови поилки, ограда и пропратни елементи, а просторот пред живеалиштето е збогатен со нови интерактивни содржини и игри за деца.

Белите кенгурчиња од Скопје Зоо беа вирална вест во сите светски медиуми, а покрај Пикси и Арчибалд, фамилијата има трет бел член- малото кенгурче Квики.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.