Откако градоначалникот Златко Марин и општина Аеродром издадоа нова дозвола за изградба на зграда во населбата Острово, до основното училиште „Браќа Миладиновци“, од партијата Левица потсетуваат дека за оваа локација во април општината изјави дека дрвјата се сечат затоа што претставуваат опасност.

Неколку месеци подоцна, Фатмир Етеми е главен инвеститор во Аеродром, велат од партијата.


Фатмир Етеми е инвеститорот кој го гради спорното здрание кај Мајчин дом.

Ако се погледне Катастарот, делот од 3.3 со стара „Славија“ се води како парцела број 242/2. Имотниот лист е на Друштво за производстсво, трговија и услуги САФ Комерц Увоз-Извоз Скопје. Тоа го потврдува и градежната табла, каде „САФ Комерц“ е впишан како инвеститор, „Мујо Бајрами“ е изведувач, а проектант – „ГМС-Проект“.

(фото: Левица)

Седиштето на компанијата САФ е на истата адреса со компанијата ЗСФ.

Вчера работниците ги поставија тарабите, а теренот се спрема за новата градба.

Одобрението за градба од Општина Аеродром е издадено минатиот месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.