Од одбраната на дел од обвинетите во предметот познат во јавноста под името ,,Шпански скали” реагираат на натписите во дел од медиумите, а поврзани со изјавите на некои актуелни и поранешни функционери дека пред судот се води постапка за незаконска продажба на градежно неизградено земјиште за изградба на т.н Шпански скали.

Од одбраната истакнуваат дека сакаат да ја информираат јавноста дека таква постапка во судот не постои, напротив ниту еден орган не утврдил дека има било каков проблем со купопродажбата на земјиштето. Имено се работи за покренат обвинителен акт за оваа и уште 3 локации против десет лица со наод дека договорите не се раскинати.

Од одбраната истакнуваат дека и денес фактичката состојба е иста т.е реалната моментална состојба покажува дека договорите се уште не се раскинати.

Исто така сакаме да ја информираме јавноста дека воопшто не постои забрана било кој од овие договори да се раскине вклучително и тој за купопродажба на земјиштето за изградба на таканаречени „Шпански скали“, додаваат од одбраната и напоменуваат дека било каков судски епилог не би влијаел на одлуката дали да се раскинат или не договорите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.