Неодамна разрешената в.д. директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, влегува во трката за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори, како независен кандидат на коалицијата „Зелен хуман град“.
Ние имаме заедничка визија. Мислам дека заедно можеме да ги направиме промените кои граѓаните желно ги посакуваат. Сакаме градот да го отвориме кон јавноста, да биде поотчетни, да зборуваме за начинот како се програмираат и трошат парите на граѓаните. Услугите на граѓаните се пред сè, тие треба да бидат достапни, ќе работиме и на дигитализација. Ќе ги носиме младите, маргинализирани и луѓето со хендикеп во носењето на одлуките. Ќе работиме на нов урбанистички план кој ќе ја запре бетонизацијата, ќе го заштити постојното зеленило и ќе воспостави урбана мобилност. Загадувањето на воздухот е многу важна тема. Како град нема многу надлежности, но ќе работиме на краткорочен акциски план, согласно новиот Закон за амбиетен воздух, рече Петровска, која потврди дека ќе се грижи за намалување на загадувањето и ќе се труди да направи промени на локално ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.