Во вечерашното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ прати апел до властите за спас на фудбалскиот клуб “Вардар”. Клубот кој е обележје на Градот Скопје, а и на Република Македонија полека но, сигурно згаснува.

На крај од емисијата да спомнам една неполитичка тема за повик до сите власти и централната и до градската, околу згаснувањето и пропаѓањето на ФК “Вардар”. Фудбалскиот клуб пропаѓа, а тој е најголемиот симбол на Република Македонија и на Градот Скопје. Цела Европа Македонија ја препознава преку ФК Вардар. Затоа треба да се најде решение и начин за спас на нашиот клуб Вардар. Ова го кажувам неполитички и нема да дебатирам туку како обврска го кажувам и како некој кој бил 10 години дел од тој клуб, истакна Нелоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.