Три скопски општини имаат по над 200 активни случаи на ковид-19. На врвот на листата е општина центар со 241 случај, а по неа доаѓа Аеродром (240) и општина Карпош (214).

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 19 777, бројката на оздравени пациенти е 15 855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 147.

Во моментов во Скопје има вкупно 1.315 активни случаи, а од почетокот на епидемијата се регистрирани 7.908.

Општина Гази Баба е со 140 активни случаи, а за двајца помалку има во Кисела Вода. Ѓорче Петров брои 104 активни случаи на новиот коронавирус, а општина Чаир падна под 100, односно сега има 72 случаи.

Со 49 активни случаи, следна на листата е општина Бутел, додека пак во Илинден активни се 31 случај на ковид.

Со двоцифрени броеви се и Шуто Оризари (17) и Сарај (15), а во Петровец има осум активни случаи. Во Студеничани, Арачиново, Чучер Сандево и Зелениково има по четири активни случаи на ковид, а во Сопиште три.

Регистрирани се и десетмина странци, а 17 лица сè уште не се распределени по општини.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.