Државната изборна комисија ја соопшти распределбата на советнички места во Советото на општина Карпош.

Според резултатите од ДИК, СДСМ доби осум мандати во општината, ВМРО-ДПМНЕ ќе има седум, четири советници ќе бидат од Левица, а по два советнички мандати добија ГРОМ и независната граѓанска листа Невена Георгиевска.

Што се однесува до изборот на градоначалник, во вториот круг ќе се борат Душко Весковски од СДСМ и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.