Рашел Леви Друмер е Еврејка со македонското потекло и за Скопје ја врзуваат многу убави но и тажни спомени. За време на земјотресот во 1963 година и загинуваат родителите и вујкото, a таа се спасила бидејќи тој јули далечнта 63-та била на гости кај бабата и дедото во Битола.
Зградата во која живеела Рашел заедно со нејзините родители се наоѓала на улицата Народен фронт близу сегашната Арапска куќа и целата се срушила.
Вели дека животот во Скопје и во Битола бил многу убав и дека немало никаква разлика оти таа е Еврејка . Се сложувале со соседите, имале многу пријатели, а после катастрофалиниот земјотрес кој го срамни Скопје со земја сите дошле да помогнат и да ги утешат во тие тажни денови нејзе и нејзините баба и дедо.
Еден месец по земјотресот бабата и дедото одлучуваат да заминат во Изреал и таму ги погребале родителите.
Јас живеев со баба и дедо кои многу ми зборуваа за моето семејство, за мајка ми и татко ми но и за семејството кое беше изгубено пред земјотресот во Холокаустот. Околу 120 членови на нашето семејство беа загубени во Треблинка и во Холокаустот.Јас бидејќи сум единица на мене е ова сеќавање да се зачува-раскажува Леви за Пресинг ТВ.
Таа вели дека иако одамна е преселена, Македонија и е како дома и дека има две татковини.
Целиот разговор погледнете го на ПресингТВ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.