Кандидатот на Движење Беса, Љуан Рамадани, вели дека во Липково може да се вработите само доколку си симпатизер на ДУИ.

Непотизмот во нашата општина е голем феномен. Тоа никој не може да го негира. Не можам да тргнам со обвиненија кога нема факти… имам информации дека на одредени лица од село Отља им е даден договор за вработување без да поседуваат диплома.“,кажа Рамадани во „Клик Плус“.

Тројца кандидати кои се тркаат за да управуваат со општина Липково упатија критики кон актуелниот градоначалник кој се трка за втор мандат од редовите на ДУИ, Еркан Арифи, кој го обвинуваат дека направил партиски и семејни вработувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.