Oд денеска по скопските улици можат да се видат новите еколошки автобуси што ги набави Град Скопје.
– Еден поинаков јавен превоз … Скопје, една поинаква приказна …, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.
Град Скопје потпиша договор со хрватски МАН за набавка на 33 нови автобуси на гас кои ќе бидат дел од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), од кои 21 се нископодни со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со капацитет од 149 патници. Задоволуваат стандарди за емисија на издувни гасови ЕУРО 6.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.