ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува пукањата на митинзите на ДУИ што е кривично дело кое го штити полицијата на Спасовски.Криминалната коалиција на власт е нервозна затоа што ќе ги загуби изборите. Премиерот Заев не треба да глуми изненаден, доволно е да даде наредба на Спасовски виновниците за пукотниците да се санкционираат. Тоа нема да го направи затоа што СДСМ и ДУИ ги врзува криминалот и тендерите, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо програма од ДУИ и СДСМ видовме пиштоли и пукотници.Се пукаше на митинг на ДУИ во Чаир и Желино, а во Општина Сопиште директорот на власта се закануваше со инспекции до градоначалникот.Го прашуваме Заев во која друга европска држава има митинзи со пукотници на оружје?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.