На автобус на ЈСП кој во вторникот сообраќал на линијата бр. 58, од Добри Дол во правец на транспортен центар, му откажале кочниците додека бил полн со патници. Возилото се движело брзо по удолниот пат Сопиште – Припор и не застанал на ниту една постојка, сведочеле очевидците за Курир.

Патниците во автобусот биле во паника, но за среќа кочниците почнале да функционираат при крајот на Припор. Од ЈСП го потврдиле настанот додавајќи дека станува збор за технички проблем на возилото МАН чие што црево за воздух од системот за кочење пукнал при возењето.

На (15.10.2019 година) околу пладне, имало технички проблем со возило МАН кое сообраќало на редовната приградска линија 58 (Транспортен центар – Добри дол). Случајот е регистриран во нашата внатрешна контрола. Возилото кога се вклучило на линија во редовен сообраќај било технички исправно, но, во текот на возењето, пукнало цревото за воздух од системот за кочење. Возачот реагирал присебно, на последна постојка 24 ги замолил патниците да се симнат од автобусот со образложение дека возилото се расипало. Во меѓувреме, било испратено заменско возило, како редовната линија би продолжила да сообраќа непречено, стои во одговорот од ЈСП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.