Во насока на демократизацијата и зголемувањето на транспарентноста на советот и општината, првото барање кое ќе го достави Левица ќе биде за задолжителен пренос на седниците на советот на општината, велат од партијата, додавајќи дека ова барање произлегува од изборната програма на
Левица.

Предлог во советот на Општина Карпош за задолжителен пренос на седниците имаше и Бранко Ристов на почетокот на оваа година, но истиот предлог не беше усвоен. Сега се надеваме дека зад ова ќе застанат сите советници затоа што жителите на Карпош имаат право да знаат како работат нивните избраници, велат од Левица Карпош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.