Во Скопје, и покрај најавите за воведување, се уште не постои билет за едно возење во автобус. Ваков билет градоначалникот Петре Шилегов првично најавуваше дека ќе почне да се продава во април, потоа го пролонгираше за ноември, за денес конечно да најави дека таков билет во автобусите ќе почне да се продава од први јануари.
Мислам дека од први јануари граѓаните ќе можат во самите автобуси да купат билет за едно возење. Тој билет е наменет пред се, за луѓе кои што доаѓаат во нашиот град, а кои сакаат да го користат јавниот превоз. Сега за жал нема таква опција“ рече Шилегов, на денешното засадување дрва во дворот на Градежниот и Архитектонскиот факултет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.