Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски по само година и половина раководење со општината и плата од 1.000 евра, успеа да се поднови со „БМВ Х5“, пишува „Скопје 1“. Според нивните извори, Наумоски го купил автомобилот пред 2-3 месеци, а почнал да го вози пред две недели. Новото возило го пријавил и во анкетниот лист, а пишува дека вреди близу 14.500 евра.

Оваа марка на возило ако производството е 2013/2014 година, според интернет сајтовите за продожба на поволни автомобили чини од 30.000 до 40.000 евра.

Градоначалникот на Ѓорче Петров кога дојде на функцијата возеше „Пежо 1007“, а има и моторцикл од 500 евра. Во јавноста се коментира дека Наумоски со ова темпо, ќе успее да ги исплати и кредитите кои му се пријавени во анкетниот лист.

Наумоски беше доста актуелен во изминатиот период. Пример, кога потроши 13 илјади евра за набавка на пенкала, верски календари и други промо материјали.

Потоа, кога си ја зголеми платата.

И, секако, кога ја прослави Македонија в кафана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.