Првиот Skopje Air Fair – Воздухопловно-едукативен саем за млади и ентузијасти заинтересирани за воздухопловство ќе се одржи денеска, со почеток од 11 часот, во Градскиот Парк во Скопје, на локацијата Школка, во организација на здружението АВИКОН.

Настанот ќе биде место каде професионалци од различни сфери на авијацијата ќе бидат достапни за младите и ентузијастите да постават прашања со цел да им се олесни патот доколку се одлучат некоја од воздухопловните гранки да стане нивна професија. Младите ќе можат да дознаат и за воздухопловните едукативни центри во регионот како и за постапките за стекнување професионални дозволи, најавуваат организаторите.

Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН, е основано во 2020 година од мала група професионалци во воздухопловната индустрија со цел промовирање на авијацијата меѓу ентузијастите од сите возрасти. Денес, АВИКОН е платформа каде што сите воздухопловни професионалци и ентузијасти можат да се поврзат меѓу себе за повисока цел – напредок во воздухопловството.

Настанот Skopje Air Fair е поддржан од Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.