Граѓаните, жители на Скопје, кои купија велосипеди и поднесоа барање за субвенции со кои делумно Град Скопје треба да им покрие дел од трошокот за купување, ќе ги добијат парите во најбрзо време. Така барем убедуваат од Град Скопје, од каде информираат дека процесот на исплата бил закочен поради изборите, но дека сега се на добар пат да ги изрегулираат побарувањата.
Поради одржувањето на Претседателските избори, сите активности поврзани со исплаќање на субвенции од страна на Градот Скопје, согласно законските прописи, беа ставени во мирување. По завршување на истите, комисиите веднаш започнаа со работа и започна постапката на сите субвенции кои ги дава Градот Скопје (за набавка на велосипеди, за печки на пелети, за инвертер клима уреди, како и за чистење на оџаци). Истите се во тек и се вршат во најбрз можен рок – велат од Град Скопје за Република.
Граѓаните негодуваа бидејќи при предавање на барањата за субвенции им било кажано дека исплатата ќе се изврши по завршување на изборите, а од завршување на изборите помина еден месец, но на нивните сметки се уште ги нема парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.