Малку недостига да дојде до вистинска трагедија во катната гаража „Смилевски конгрес“ во Центар, каде расипан лифт стои отворен без никаков знак за предупредување или препрека, ниту пак чувар да ги предупреди луѓето да не се доближуваат.
Лифтот е отворен на погорните спратови и е потенцијална опасност, бидејќи станува збор за дупка од неколку метри.
Гаражата, која се наоѓа кај Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, ја користат доста околни фирми, но и граѓани кои паркирале тука за да завршат работа во центар, па постои опасност возрасен или дете да пропаднат.
Гаражата е под надлежност на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.