Од паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска започна уште еден протест против изградбата на планираниот Прифатен центар за странци кај Бардовци, на што жителите остро се противат. Учесниците на протестот со колона на возила се упатија пред Канцеларијата на ЕУ, каде ги вееја транспарентите и знамињата. Потоа поворката заврши пред Влада, каде е планирано да останат до 19 часот.

Бардовчани бараат релокација на центарот и запирање на изградбата, бидејќи според нив, со изградбата на центарот ќе им бидат нарушени мирот и сигурноста.

„Карпош… И Бардовци е твое дете“, „Ние и нашите деца сакаме мир“, се само дел од пораките кои се веат пред Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.