И граѓаните на Ченто денес протестираат и не сакаат зависниците да примаат терапија во нивната населба.Тие излегоа на протест по најавата на министерот за здравство Венко Филипче, дека дел од зависниците од Кисела Вода ќе завршат во нивната населба.

Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе можат да добиваат метадон на пет локации кои им се најблиску до местото на живеење, односно во поликлиниката во населбата Ченто, во поликлиниката „Јане Сандански“, во Психијатриска болница-Скопје, на веќе познатата локација во општина Кисела Вода и во Градската општа болница „8 Септември“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.