Граѓанската иницијатива против урбаното дивеење денеска во Ѓорче Петров одржа протест против бетонизација и градење десетици висококатници предвидени со деталните урбанистички планови од Општината. Од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски бараат да не ги одобрува.
Со возила половина час го блокираа кружниот тек во населба Ѓорче Петров во знак на револт против 20-ина ДУП-ови кои Општината планира да ги донесе во текот на годинава.
– Во паркот во Ѓорче Петров се предвидени 15 згради со висина до 33 метри. Во Јурија се предвидени околу 20 згради со висина од 60 метри. Има висококатници спроти пазарот во Ѓорче, во Хром има 100 нови згради. Кај паркот во Ѓорче се предвидува 1300 жители, во Јурија околу 4000 нови жители, во Хром исто така, изјави Горан Костов од иницијативата.
Тие бараат средба со министерот Бочварски и го повикуваат да не ги одобрува ДУП-овите. Ако не ги сослуша, ќе бараат помош од премиерот Зоран Заев, а најавија дека ќе организираат и нови протести.
Ѓорчепетровци кажаа НЕ на дуп-от СЗ 15 кој опфаќа и дел од паркот!
Ѓорчепетровци кажаа НЕ за урбаното дивеење и бетонизација!
Ѓорчепетровци кажаа НЕ за облакодери во општината!
Оваа е предупредувачки протест против урбаната мафија во Ѓорче Петров!
Граѓанска иницијатива против урбаното дивеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.