Откако жителите на Пржино со денови алармираа дека изградбата на новата зграда ќе предизвика последици за живеењето, денеска тие излегоа на мирен протест.

Со транспаренти упатија апел до надлежните да престанат со градби од кои се доведува во опасност живеењето во населбата, објави „Слободен печат“.

За потсетување, на локацијата пред неколку дена падна потпорен ѕид, како последица на градбата.

Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, остварил неофицијална средба со жителите на Пржино, но не успеале да најдат решение за проблемот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.