Прекрасни луѓе се аеродромци. Денеска бев во неколку маала и разговаравме за конечно решение на проблемите кои ги имаат со години, но и за новитети и развој на општината. Промените започнуваат во секое маало од Аеродром! – порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски.

Тој денеска се сретна со жители од скопската општина, во која за трка влегуваат 5 кандидати.

Ветувам, и се обрзувам дека ќе работам за подобри услови во образованието на нашите млади. Ќе изградиме 4 градинки во Општина Аеродром, по највисоки стандарди, бидејќи се реален проблем на аеродромци – вели Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.