Петре Шилегов направи противзаконска промена на имињата на улиците. Согласно Законот за именување на улици, мостови и инфраструктурни проекти ваква промена не е можна шест месеци пред одржување на избори и една година пред одржување на попис. Со ова Шилегов брутално го прегази законот. Воедно ја наруши и процедурата на носење на измените, ниту пак е дадена согласност од општините која е неопходна согласно законот, информираат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и најавуваат иницијатива по судски пат да биде укината оваа противправна одлука на градоначалникот на Скопје.

Воедно оваа одлука на Шилегов значи и минимум 100 евра нова давачка на компаниите чие име на адреса се менува согласно новите одлуки на Советот. Со тоа Шилегов во едни тешки услови на здравствена и економска криза наметнува нови давачки и арач за грaѓаните. Ова е недозволиво насилие кое нема да помине, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.