Продавницата „Копче“, проект на Црвениот крст на Град Скопје, ги повикува граѓаните кои сакаат да ја донираат нивната матурска и апсолвентска облека и да овозможат некои девојки или момчиња од ранливите категории да можат да имаат соодветна облека за своите матурски или аплолвентски вечери.

„Копче“ дојде на идеја да испрати порака до секој оној кој сака да ја подари својата облека од матурската или апсолвентска вечер и на тој начин да овозможи некоја девојка или момче да заблескаат на својата посебна ноќ. На овој начин, ќе можете да го изберат парчето облека кое најмногу им се допаѓа и да изгледаат прекрасно за матурската или апсолвентска ноќ – се вели во соопштението од „Копче“.

„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција до најзагрозените, а воедно, како што посочуваат оттаму, и место каде што се поврзуваат хуманоста, достоинството, трудот, екологијата.

Да се потрудиме заедно месецот мај да го направиме совршен, споделувајќи и ширејќи среќа и насмевки на лицата на младите луѓе. Со споделувањето во „Копче“, споделувате вредност и спомени, правејќи повеќе за себе и за другите!- се додава во соопштението.

„Копче“, велат оттму, е местото каде што може да се најде уникатна „second hand“ облека по најповолни цени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.