Заловувачкиот тим на ЈП Лајка започна со стратешко заловување во општина Гази Баба во реоните Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово.
Од Лајка информираат дека оваа недела тимот ќе заловува во Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци.
Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман.
Доколку граѓаните од гореспоменатите реони сакаат да посочат бездомно куче, да се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk
Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.