Шестмесечниот извештај од работењето на ЈП „Градски паркинг“ ќе се разгледува на педесет и третата седница на Советот на Град Скопје, што е закажана за 28 јули 2020 година.

Од Прес-службата на Град Скопје информират дека ЈП „Градски паркинг“ за наведениот период бележи значајно намалување на приходите споредено со истиот период минатата година.

Билансот на успех за периодот од 1 јануари до 30 јуни покажува дека приходите на претпријатието се намалиле за речиси 30% во однос на истиот период минатата година. Намалувањето, во голема мера се должи на падот на оперативните приходи – приходи од паркирање и приходи од отстранување на непрописно паркирани возила како последица на здравствената криза предизвикана од вирусот Ковид19, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека во периодот на вонредна состојба, паркинзите функционираа со намален обем на работа, што е случај и кај пајак-службата.

Информираат дека ЈП „Градски паркинг“ во целост и навремено врши исплатување на даночните обврски кон државата, платите на вработените и обврските кон добавувачите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.