Гласањето во село Бојане, Сарај е прекинато. Претходно, на истото гласачко место се случи тежок инцидент, кога активисти на две владејачки партии нападнаа и претепаа набљудувач од опозициска партија.

Покрај ова, гласањето на целата територија на Сарај оди бавно, а излезноста во целата општина е најниска во Македонија.

Според ДИК, до 15 часот на гласање излегле 15,85 отсто од регистрираните гласачи во Сарај. Во првиот круг до 15 часот таму гласале 23,07 отсто гласачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.