На социјалната мрежа Фејсбук кружи статус на кој реагираа многумина. Имено според пишувањата во статусот, мајка го учела своето дете да напаѓа кучиња со цел да профитира со тужба, против сопственикот на животното. Во стаустот стои дека мајката го тренирала детето како да ја преминува оградата во паркот и како наменски да го предизвикува кучето за да го нападне. Во продолжение статусот во целост:

Оваа жена го тренира детето да прерипува огради (не да влезе преку врата) во паркови за миленици… додека таа седи на страна (на клупа на постојка во ситуацијата денес) се прави незаинтересирана, го пушта детето…Детето се обесува на и така слабата ограда толкаво колку што го гледате, да ја оштети плус ако може… секогаш поставува воведно прашање кое го поставува со цел: Каса ли кучето……. мајка му така го учи
Срипува и почнува да го подгазнува… значи предизвикува и напаѓа детето, под навигација и тренинг на мајкава – ако може така да се нарече оваа!
Станав да го избркам, туку дотрча коконата и почна.. не е прв пат куче да ми го нападне детето… последен пат го угриза, тужев, а сега и вас…….
Кога видов со кој калибар имам работа, сфатив дека женава живее од тоа… и ми се згади од гнасниот чин на некоја што имала шанса да роди, а практично го злоупотребува своето малолетни дете на најбизарен начин! И реков директно дека ова е парк за миленици, не за деца и родители со задни намери кои немаат со себе ниту миленик ниту се начисто во главата – кое го бара не знам… башка ја деформира оградата, која ионака не издржува тежина… башка наместо преку врата, рипа од висина врз животно, го гази, малтретира за да дојде до тужба… арам да и е!
И реков уште еднаш ако го пушти детето како мамка дека ќе ја пријавам… се налути и ме сликаше… добро, си велам… оваа не се опаметува…… седеше саат време значи на постојка – на автобус не се качи, сите се качија тие не. Само што пријавив влезе во првото такси што наиде (бел голф 4 караван, како круна е таблата, може и див беше)… Во Полиција беа запознаени веќе со појавата и ми дадоа препорака да информирам во јавност за оваа девијантна појава, да бидат претпазливи граѓаните, особено тие со миленици како целна група на дотичната и на следниот обид без предупредување да се повика Полиција со цел нејзино идентификување и покренување постапка пред социјалните и други служби заради злоупотреба на детето!
Дотичната има фарбана коса во тап или рамен боб со шишки, ковчеста градба, а детето има смеѓа коса и додека ги напаѓа животните, повторува дека му е страв, стои во статусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.